Смена на кормилото на велешкиот тим: Петко Босеовски ќе го води Борец?

Петко Босеовски, најверојатно во понеделник, ќе биде именуван за нов тренер на составот на Борец. Велешкиот тим има само една победа во осум одиграни меча, па раководството се реши за промена на клупата. На местото на досегашниот тренер Васил Василев, доаѓа искусниот стратег од Битола, Петко Босеовски, кој работеше во Пелистер и Струмица.

Борец во досеганите осум натпревари, можеше да има четири победи, но има само една. На првиот меч во Радовиш, Борец во финишот водеше со четири голови, но остана без бодови. Потоа следуваше убедливата победа над Работнички, па поразите од Охрид и Еурофарм. Следуваа два реми меча, против Металург 2 и Вардар Јуниор, во кои велешкиот тим имаше водство во финишот, но пак остана без победата. Последниот дуел беше против Пелистер, на кој повторно се случи „дежа ви“, односно Борец водеше во финишот, но битолскиот тим стигна до победата.

Велешкиот тим нема да смета на три меча на Кристијан Давитковски, како и на Илија Крстевски, кои заработија суспензии поради тепачката на „Кале“ по дуелот со Вардар Јуниор, па на Босеовски му претстои многу работа за да успее да го крене Борец од летаргијата