Словенките се тестираат пред ЕП: Мавсар и Лазовиќ најдобри во победата над Швајцарија

Ракометарките на Вардар, левото крило Тамара Мавсар и десниот бек Барбара Лазовиќ, беа најдобри поединки во репрезентатицијата на Словенија на контролниот натпревар против Швајцарија, кој се одигра како дел од подготовките за настап на ЕП.

Избраничките на селекторото Урош Брегар славеа со 36:29, а најдобри на теренот беа Лазовиќ со 6 и Мавсар со 5 голови. Словенија веќе в недела го започнува настапот на ЕП во Шведска со дуелот против Србија.

Фото: Slavko Kolar