Словенија ја замолкна “Арената на иднината”: Прв пораз за кариоките на ОИ

Репрезентацијата на Словенија стигна до нова победа на Олимписките Игри во РИО каде вечерва за противник ја имаше домашната репрезентација на Бразил која пред своите фанови го доживеа првиот пораз 31-28.

Одличен старт имаше составот на Веселин Вујовиќ на вечерашниот натпревар против Бразил. Средината на првото полувреме значеше 4 позитива за Словенија, а високи плус 7 имаше репрезентацијата на Словенија на стартот на 22та минута кога Бобач постига прекрасен погодок. Сепак, составот на Бразил до крајот по полувремето ја коносолидираше играта во нападот и успеа да ја намали разликата на 3 погодоци по истекот на првите триесет минути 13-16.

Уште на стартот на второто полувреме, Словенија ја врати сигурноста во свои рацете и во 43та минута имаше високи 6 погодоци позитива 18-24. Домашните ракометари не можеа да пронајдат начин за намалување на разликата со што му дозволија на подобриот противник да запише сигурна победа 31-28.

Најдобар стрелец на овој натпревар беше Чиуфа од таборот на поразената репрезентација со 8 постигнати погодоци, додека Јанц беше стрелец на 6 гола.