Преглед 5.коло, група А: Словенија поразена од Шпанија

Селекцијата на Словенија по поразот од Шпанија заврши на третата позиција во А групата. Шпанците уште од самиот почеток ја потврдија својата доминација и преку игра од сите позиции беа моќни против репрезентативците на Словенија. Лидерот во репрезентацијата на Словенија, Драган Гајиќ беше целосно запрен и постигна само четири погодоци. Шпанија триумфираше со 30:26 ( 14:10) и со самата победа го потврди првото место во својата група.

Најефикасен ракометар во победничкиот тим беше Валеро Ривера со шест погодоци додека вардаровиот бек, Алекс Душебаев беше стрелец на пет погодоци. Во Словенија четворица ракометари беа стрелци на четири погодоци, Натек, Гајиќ, Безјак и Доленец. Со овој пораз Словенија се пласираше на третото место во групата А зад Шпанија и Катар.