Словенија: Крим убедлив против Велење

РК Крим Меркатор продолжува со одличните игри во домашното првенство. На домашен терен избраничките на Марта Бон беа убедливи против Велење со високи 35 : 22 ( 15 : 9). Уште во првото полувреме при резултат 11 : 3 за Крим победникот беше познат, а непознато остана само со колкава негатива ќе замине екипата на Велење.

Најдобра поединка во составот на Крим беше Тамара Мавшар со осум погодоци, нашата интернационалка Мирјета Бајрамовска беше стрелец на два гола.