Словенечкото здружение на прволигаши ја даде подршката за СЕХА, на потег федерацијата

По речиси два часа, на состанокот на прволигаши во Словенија, во Рибница потврдена е одлуката која вклучува две словенечки екипи во СЕХА регионалното натпреварување.

Претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски, на завршната прес-конференција во Вараждин ги потенцираше Целје и Горење како речиси сигурни учесници за следната сезона. Оваа сабота во Рибница се направи чекор понапред кон финализирање на договорот со двете екипи откако со осум гласови „ЗА“ и четири „ПРОТИВ“ здружението на прволигаши даде зелено светло за СЕХА лигата.

Потпретседателот на асоцијацијата на прволигаши, Антон Јанц истакна дека втората одлука била потешка да се донесе, откако со седум гласа „ЗА“ и пет „ПРОТИВ“ била решено двете екипи кои ќе се натпреваруваат во регионалната лига да се приклучат во словенечкиот шампионат дури во плеј-оф фазата (систем кој веќе е прифатен и во Македонија). 

Сега останува само официјална потврда на редовниот управен одбор на Словенечката Ракометна Федерација кога одлуката ќе стане официјална.