Словенецот останува во Бундес лигата: Марко Безјак потпиша за Магдебург до 2019!

Словенечкиот интернационалец Марко Безјак, еден од плејадата квалитетни средни бекови, ја продолжи верноста кон бундеслигашот Магдебург. Тој се обврза на нов тригодишен договор и треба да остане во Германија до 2019 година

30-годишниот организатор на играта стигна во Бундес лигата во 2013 година,а добрите игри му донесоа нов договор. Пред да пристигне во Магдебург, Безјак долги години го носеше дресот на Горење Велење, а има настапувано и за Јерусалем Ормож.

 

Фото: mdr.de