Словаци ќе ја делат правдата меѓу Загреб и Вардар

Денес е ден посветен на полуфиналните дуели во Вараждин. СЕХА лигата овој викенд ќе го добие новиот шампион. Први натпреварувачкиот ден во Вараждин Арена ќе го отворат минатогодишните финалисти Веспрем и Мешков. Полуфиналниот ден ќе започне од 18:00.

Веднаш по тој натпревар, закажан е мечот меѓу старите познаници, меч со голема симболика за двете екипи. Словаците Владимир Чанда и Петер Бруновски ќе ја делат правдата во второто полуфинале, во кое ќе македонскиот шампион, Вардар ќе се соочи со хрватскиот, ППД Загреб. Мечот е закажан со почеток од 20:30 часот во Вараждин Арената.