Слободен влезот за натпреварот Металург – Вестфрисланд во рамките од КПК

Утре со почеток од 17ч, женската екипа на Металург ја игра реванш-средбата против Вестфрисланд во рамките од КПК. На првиот натпревар ракометарките на ЖРК Металург ја совладаа екипата од Холандија со еден гол разлика – 24:23 (12:12). Утрешниот натпревар е од големо значење за младите ракометарки од Металург, а доколку успеат да го поминат второто коло, во 3.коло на КПК следен противник на Металург ќе биде Тим Холстебро од Данска, екипа која ланската сезона го освои ЕХФ -купот, а во својот состав има и неколку ракометни звезди.

Натпреварот ќе се игра во спортската сала ,,Автокоманда”. Влезот за сите љубители е слободен.