Следниот предизвик за Вујовиќ е Веспрем!

Ракометарите на ППД Загреб се последните полуфиналисти. Тие со резултат 33-26 го поразија тимот на Татран од Прешов за ново полуфинале на Фајнл Фор турнир во СЕХА против Веспрем.
РК ППД Загреб 33-26 РК Татран Прешов (16-10)
„Плинарите “ ги завршија сите работи во првиот дел, кога ја направија највисоката разлика на натпреварот 16-10. Средината на првиот дел ги оддели ракометарите на Загреб од своите противници, на секој гол на Татран, ракометарите на Вујовиќ возвраќаа со два за конечни 16-10.
FLP_4928
Вториот дел го започнаа како што го завршија првиот. Веќе во 40-та минута Брозовиќ ги постави првите десет голови разлика, Мандалиниќ во 48-та минута беше прецизен за највисокото водство на ППД Загреб од 11 голови разлика 28-17. До крај на натпреварот Словаците го намалија резултатот на конечни 33-26.
FLP_4819
Лука Степанчиќ погоди шест пати за ППД Загреб, додека Антл беше најпрецизен на теренот со 12 голови од 14 обиди.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата