Славиша Димитријески една година во Зомимак

Ново засилување во редовите на струмичани, екипата на Зомимак се засили со средниот бек Славиша Димитријески. Договорот е постигнат на една сезона, а триесетгодишниот Кичевчанец во Струмица доаѓа од екипата на Тинекс Пролет. Во својата кариера Димитријески има настапувано за МРК Вардар, Куманово, РК Пелистер, а извесно време го носеше и дресот на Анталија во турското првенство.
Со Димитријески, Зомимак ја засили бековската линија, а освен Димитријески договор на една сезона со Зомимак-М постигна и Јовица Младеновски.