Скубе: Ние сме една група на победници и фраери

Ракометарот кој дојде на почетокот на сезоната од редовите на Пик Сегед каде што беше многу лесно се откажаа од неговите услуги, Сташ Скубе викендов имаше уште две одлични партии.

„Оваа екипа е неверојатна. Ние сме група на победници, на фраери. Имаме неверојатна хемија во соблекувалната. Имаме сè што ни треба. Вистински пријатели сме и тоа се зборува низ целата сезона. Не знам дали има тим кој би одел низ тоа што ние го одиме. Горд сум на моите соиграчи и навистина сум среќен“, изјави Скубе.

Тој потврди дека не планира да си замине од Скопје и од Вардар доколку сè биде во најдобар ред со клубот.

„Ќе останам прв во Вардар доколку сè биде добро и сигурен сум дека ова нема да биде крај. Сигурен сум дека Вардар ќе биде силен и во иднина“, рече Скубе.