Скубе кон Пастор: Уште еднаш покажа каква личност си!

Поранешниот ракометар на ПИК Сегед, а сегашен на Вардар, Сташ Скубе, во текот на прес конференцијата му се обрати и на неговиот поранешен тренер Хуан Карлос Пастор.

Кога Шпанецот ја напушти прес собата и не сакаше да ислуша што имаше да каже Роберто Гарсија Парондо, Скубе му дофрли.

„Уште еднаш покажа и докажа каква личност навистина си“, беше дрзок Скубе кој урлаше на цел глас.

Пастор не сакаше спортски да му честита на Парондо за победата и за пласманот на завршниот турнир во Келн.