Скубе за 24Ракомет ТВ: Ситуацијата не е идеална, но ќе пробаме за крај да одиграме една добра партија! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ги чека првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот шампион ПИК Сегед. За сите од актуелниот „црвено-црн“ ростер ова ќе биде последен настап пред домашната публика во најелитното натпреварување.

Средниот бек Сташ Скубе ќе мора да понесе поголема одговорност во нападот, со оглед на скратената ротација. Тој вели дека патникот на Ф4 ќе се реши во Сегед.

„Ситуацијата за наш не е најидеална, но мислам дека патникот на завршниот турнир во Келн ќе се одлучи на вториот натпревар. Нема тајни меѓу двата тима, тие знаат се за нас, но и ние за нив, па ќе видиме како тоа ќе изгледа на терен“, вели Скубе за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…