Скубе асистира, Мораеш погодува – „плинарите“ изгасени…(ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар после првите 30 минути имаат предност на гостувањето во Загреб и игра која води кон победа на овој натпревар која може да даде шанса за помирен реванш следната сабота.

Македонскиот тим има 14:6 на паузата во Загреб што е доказ дека во минатите денови се работело одлично и дека ракометарите се подготвени максимално за овој дуел.

Еден од погодоците вредни за одбележување на оваа средба е оној на Бразилецот Мораес по асистенцијата на Скубе. Домашните тргнаа во брз напад од центарот, но и голманот Милосављев одговори со интервенција.

Погледнете…