Скратен списокот: Брестовац одбра 19 ракометари за Исланд! | 24 РАКОМЕТ

Скратен списокот: Брестовац одбра 19 ракометари за Исланд!

Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентацијата на Исланд за ЕП 2020.

Од поширокиот список отпаднаа голманите Томовски и Чаневски, десното крило Костески, бековите Чурлевски, Димитриевски, Дрогришки, Манасков и Андоновски, како и кружниот напаѓач Арсеновски.

Собирот на ракометари е закажан на 8 април со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.