Скопје омилена дестинација на Том О’Браниген: Натпреварот Вардар-Киелце прогласен за дуел на четвртфиналето

Натпреварот на Вардар, овојпат против полскиот шампион Киелце повторно е прогласен за еден од натпреварите на четвртфиналето. Коментаторот на ЕХФ, Том О’Браниган постојано потенцира како Скопје и арената “Јане Сандански” се вистинско уживање за сите вљубеници на ракометот, но и најнепосакувана дестинација за секоја екипа која треба да гостува тамо. Очигледно Том се чуствува прекрасно во Скопје па пред веќе најавениот натпревар на четвртфиналето помеѓу ПСЖ и Веспрем(на кој исто така ке биде коментатор) кој е на програмата на 12 април (недела) од 17 часот и 30 минути, ќе допатува во главниот град на Македонија и во живо ќе ги пренесува возбудувањата од првиот натпревар помеѓу Вардар и Киелце.
Натпреварот се игра на 11 април (сабота) со почеток во 19:00 часот во арената “Јане Сандански”

фото: facebook/rkvardar