Скопјанката што вети дека ќе трча гола ако Вардар стане првак, се исплаши од предизвикот (ФОТО)

Еден од најпопуларните ликови во Твитер заедницата во Македонија – Le Monique, вети дека доколку Вардар стане европски првак, ќе трча гола по Партизанска. Како што напиша во коментар под нејзиниот статус, стартот требаше да биде кај трговскиот центар Сити Мол, а требаше да се движи по Партизанска до плоштадот Македонија.

Вардар во финалето го победи Веспрем со 27-24 и ја освои шампионската титула, но се чини дека ветувањето нема да биде исполнето. Атрактивната девојка се исплаши од предизвикот и веројатно го затвори профилот на Твитер…