Скандал на ЕП: ЕХФ во заштита на своите волонтери, унгарскиот физиотерапевт суспендиран до крај на турнирот!

Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Шведска го одбележа изненадувачкиот резултат на натпреварот меѓу Унгарија и Чешка, но и скандалот кој во 37та минута ја одбележа атмосферата во унгарскиот состав. Составот на Ким Расмусен го забележа првиот пораз на континенаталниот собир од аутсајдерот Чешка која славеше изненадувачки висока победа од 22-27.
Но покрај поразот унгрската ракометна федерација доби нова казна од ЕХФ поради неспортско и насилничко однесување на еден член од нивната делегација.

При првиот тајм-аут на Расмусен во второто полувреме, момчето кое го држело микрофонот за потребите на телевизискиот пренос на два пати успеало да го удри селекторот на Унгарија, по што грубо бил оттурнат од физиотерапевтот на националниот состав Зикра-Мезеј Чаба. Видеото на кое Расумсен има проблем со човекот кој го држи микрофонот може да го погледнете во продолжение.

Официјалните лица кои го суделе овој дуел не го забележале овој настан, но затоа денес ЕХФ преку официјално соопштение застана во одбрана на волонтерот кој работи на ова првенство и најави дека Унгарската федерација мора да плати казна од 1500 евра за неспортското и насилно однесување на нивниот физиотерапевт кон волонтерот.

Покрај тоа изречена е казна суспензија до крајот на турниот за физиотерапевтот Зикра-Мезеј Чаба, и предложени се дополнителни дисциплински мерки.

Проблемите со телевизиските преноси на тајм-аутите се жежок костен послендиве 10 години. Некои тренери и селектори со цртање се обидуваат да скријат дел од тактитката, но сè уште нема вистинско решение за овок проблем меѓу ракометните работници и медиумите.

Според унгарските колеги кои го следат ова ЕП, сосема оправдана реакција на член на стручниот штаб кој му помогнал на селекторот со тоа што го извлекло момчето кое е задолжено за микрофонот, без разлика дали тоа делувало грубо или не. На спротивната страна е официјалната одлука на ЕХФ според која ситуацијата можела да се разреши и на друг начин. Оправдано или не, Унгарија која токму од 37та минута започна да тоне во својата игра, го забележа првиот пораз на овој турнир и ја заработи првата казна од ЕХФ на Европското првенство.