СКАНДАЛОЗНО: Се местеле натпревари на кадетскиот Мундијал во Скопје?! (ФОТО)

Репрезентацијата на Египет стана светски првак во кадетска конкуренција на неодамна завршениот Мундијал во Скопје. Имаше неколку изненадувања и неочекувани резултати на СП, а некој очигледно добро ги „испразнил“ обложувалниците.

Контроверзниот Велибор Џаровски Џаро за српските медиуми открива дека заработил 13.000 евра на еден наместен натпревар од Мундијалот.

„Местам натпревари, зошто тоа ви е чудно? Тоа ми е работа, моја професија, моја страст. Сите знаат дека сум коцкар во душа. Порано заработував многу, а заработувам и сега по нешто.  Пред две седмици заработив 13.000 евра. Не ми дозволија поголема уплата, лимитиран беше износот, бидејќи се работеше за ракометен натпревар од Мундијалот за играчи до 19 години, кој се играше на мој терен во Скопје. Покрај тенисот и кошарката, најлесно е да се намести натпревар во ракомет. Секогаш е полесно да се договорите во спортовите кои не се секогаш во центарот на вниманието, па ниту медиумите не дигаат многу прашина кога ќе се случат некои изненадувања“, вели Џаровски.