Сите финалиња на Вардар во СЕХА

Ракометарите на Вардар денеска од 19 часот ќе го одиграат последниот меч сезонава во СЕХА-лигата, а третпат ќе се соочат со тимот на ППД Загреб во едно финале. Овие две екипи досега имаат одиграно голем број на натпревари, а после двете финалиња кои ги одиграа во Скопје првпат ќе се соочат надвор во еден финален дуел.

Вардар е тимот со рекорден број на пласмани во финалето бидејќи ниту еден друг тим досега не успеал да се најде во седум финални дуели. Ова е осми Ф4 турнир, а само во 2015 година Вардар не играше во битката за златниот медал.

Ова е шансата за петтата круна за Вардар за уште повеќе да го зголеми рекордот кој веќе го поседува во СЕХА, а воедно и да се поведе во финалните дуели против Загреб бидејќи во моментов е 1:1. Загреб го совлада Вардар во 2013 година, а загуби лани.

Доколку не се сеќавате на сите финалиња на Вардар можете да се потсетите бидејќи ве потсетуваме на сите финални дуели на „црвено-црните“ во СЕХА.

СИТЕ ФИНАЛИЊА НА ВАРДАР ВО СЕХА

15 АПРИЛ 2012

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    21:18

14 АПРИЛ 2013

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 24:25

13 АПРИЛ 2014

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         29:27

3 АПРИЛ 2016

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      26:28

9 АПРИЛ 2017

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      26:21

15 АПРИЛ 2018

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 26:24

3 АПРИЛ 2019

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ ?