Сите орни за работа – Македонија на прв собир пред ЕП 2018 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската машка ракометна репрезентација денека се собра повторно, првпат по јунскиот дуел против Чешка по кој обезбеди билет за Европското првенство. Во рамките на ЕХФ неделата селекторот Раул Гонзалес ќе работи на тактичката игра и воигрување на македонските репрезентативци пред континенталниот собир во Хрватска. Само ќе се тренира и не се планирани контролни натпревари со цел подобро да се воиграат играчите.

Шпанскиот стратег на клупата на Македонија ќе го одработи овој дел од подготовките без најдобриот поединец и капитен на националниот состав Кире Лазаров, а на првата прозивка го немаше ниту Ацо Јоноски. На почетокот на ЕХФ неделата селекторот нема да може да смета ниту на ракометарот на Рајн Некар,  Филип Талески кој има мала повреда на ногата, додека Филип Кузмановски паузира веќе две недели откако поради инфекција неколку дена помина во болница.

Единствено ново име во составот на Македонија е голманот на Иштад, Јане Цветковски, а по подолга пауза во националниот тим повторно се враќа Немања Прибак. За да може непречено да ги одработи тренинзите селекторот дополнително го повика Горан Крстевски, слично како во подготвителниот период пред јунските квалификации.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”205″]

ФOTO: КОЧО СОТИРОВСКИ

Македонија во Загреб ќе настапи во групата C, заедно со Германија, Црна Гора и Словенија. Само првите три репрезентации продолжуваат во главната фаза на натпреварувањето. Првенството започнува на 11 јануари 2018.