Сите досегашни дуели: Исланд има голема предност, но Македонија има победувано

На последното гостување во Исланд сениорската машка репрезентација на Македонија успеа да одигра одличен натпревар и да загуби со само еден гол разлика. Тоа се случи пред неполни две години исто така во квалификации за Европско првенство. Сега Македонија одново е на Исланд, но со малку изменет распоред бидејќи прво се гостува во Исланд, а потоа вториот дуел се игра во Македонија.

И сега се очекува неизвесност како тогаш, исто како и на последните неколку дуели кои завршуваа со тесен резултат.

Инаку, гледано севкупно Исланд има подобри бројки. На вкупно 16 натпревари, Исланд има 12 победи. Македонија победи на три меча, а еден дуел заврши нерешено. Гол разликата на овие 16 натпревари е 424:470.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ИСЛАНД

12.09.1999 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           32:23

19.09.1999 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           32:29

18.03.1999 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           26:29

17.06.1999 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           34:26

10.06.2000 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           25:26

11.06.2000 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           38:22

02.06.2002 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           30:35

09.06.2002 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           33:28

08.06.2008 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           34:26

15.06.2008 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           30:24

15.01.2013 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           19:23

20.01.2014 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           27:29

19.01.2017 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           27:27

04.05.2017 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           30:25

07.05.2017 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           30:29

17.01.2019 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           22:24