Сиофок убедлив против Подравка

Унгарскиот суперлигаш, Сиофок гостуваше во Копривница на првиот овосезонски пријателски натпревар со екипата на Подравка .

Ракометарките на Сиофок триумфираа со 22:16 (11:9). Домаќинките, ракометарките на Подравка на овој натпревар настапија со само 11 играчи, бидејќи четири ракометарки се на ЕП во Шпанија, а репрезентативката на Црна Гора, Мирјана Миленковиќ се уште се опоравува од повредата.

Изменетиот состав на Сиофок имаше одличен настап на теренот во Копривница. Сите нови ракометарки од Сиофок се запишаа во листата на стрелци, а најефикасна во победничкиот табор беше репрезентативката на Тунис, Асма Ел Гау со пет постигнати погодоци. Во составот на Подравка се истакна Екатерина Немашкало со четири погодоци.

Подравка ќе учествува на четири ракометни турнири во Словачка, Унгарија, а на средината на август ќе гостуваат и на пријателски турнир во Скопје.

Фото:rk-podravka.hr