Сине, знаеш ли како се станува вистински шампион? (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар денеска покажаа зошто овој клуб е нешто посебно и зошто има толку голем број приврзаници и фанови насекаде.

Вардарци покажаа дека кога е најтешко тие се оние вистинските. Ги наполнија срцата на сите свои навивачи. На оние 5000 гледачи на трибните во СЦ „Јане Сандански“ им дадоа незаборавна вечер на која ќе се сеќаваат засекогаш.

И после една таква блескава партија во која никој не можеше да остане во место без да подрипне и да аплаудира. Немаше гледач на трибините кој барем еднаш гласно не го извика името на Вардар.

А колку што на сите им е тешко што веројатно тоа беше последната голема претстава во СЦ „Јане Сандански“ во таква силна постава толку победата е посилна. Ракометарите беа во најтешка ситуација. Се најдоа на крстопат. Останаа без спонзор во најважниот момент од сезоната, но решија да играат со срце за Вардар и докажа дека тие се големи шампиони.

Само дадоа потврда на познатата реплика на прерано починатиот актер од Србија, Небојша Глоговац. На дело ги демонстираа неговите зборови:

„Сине знаеш ли како се станува вистински шампион? Така што ќе излезеш на терен кога е најтешко и ќе победиш!“