Симона Стојковска заминува од Некарсулмер

Македонската интернационалка Симона Стојковска, која оваа сезона беше дел од бундеслигашот Некарсулмер, ќе има нова средина од лето.

Таа лани потпиша двегодишен договор, но тимот испадна во понизок ранг и затоа следува прекин на соработката.

Битолчанката прикажа неколку одлични партии на натпреварите од Бундес лигата, па нема да и биде проблем да најде нов клуб.

Стојковска потекнува од тимот на битолски Феникс, а играше и за Металург, додека првото интернационално искуство го имаше во грчкиот ПАОК.