Симовски утре ги собира сениорките: Неколку доцнат на првиот тренинг

Женската сениорска репрезентација на Македонија утре во 9 часот го има собирот и стартот на подготовките за турнирот во Романија каде што ќе ги одмери силите со домаќинот и со селекциите на Полска и Бразил.

Симе Симовски не може да смета на најсилниот состав бидејќи дел од ракометарките коишто играат во Турција имаат обврски кон своите клубови. Три или четири ракометарки го најавија своето доцнење, но тие би требало вечерва во 18 часот да бидат на вториот тренинг.

„Имаме три дена за подготовки пред заминувањето на Трофеј Карпати. Ќе имаме шест тренинга, па потоа заминуваме за Романија каде што ќе имаме три контроли. Очекувам вечерва да бидеме комплетни и да одработиме неколку тренинзи во комплетен состав пред заминувањето“, вели селекторот Симовски.

Тој очекува утревечер да ги има на располагање сите девојки на кои може да смета на овој турнир кој ќе биде нова одлична контрола за сениорките кои покажуваат напредок во формата и од кои се очекува наскоро да потсетат на најдобрите денови на репрезентацијата на Македонија.