Симовски со проверени сили, има 28 ракометарки за квалификациите за бараж за СП

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски ги соопшти имињата на вкупно 28 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за трите натпревари од квалификациите за баражот за Светското првенство во 2019 година.

Симовски се одлучи за проверени сили и нема изненадувања во составот. Главно тоа се ракометарките кои беа и на последниот собир.

Од последните квалификациски средби недостига единствено Теодора Керамичиева. Таа поради повреда го пропушти и последниот собир кога во рамки на ЕХФ-неделата беа одиграни контролни средби против селекцијата на Италија.

Во квалификациите кои ќе се одиграат во салата во СЦ „Борис Трајковски“, противници на Македонија се селекциите на Азербејџан, Турција и Исланд. Натпреварите се играат од 30 ноември до 2 декември.

На поширокиот список на Симовски се најдоа: