Симовски: Пласманот во финале е голема работа за нас, продолжуваме да инвестираме во овие девојки

Тренерот на Вардар и селектор на женската репрезентација на Македонија Симе Симовски имаше свој коментар по победата над Стружанка 27:18 во полуфиналниот дуел од Купот на Македонија.

‚‚Задоволен сум затоа што имавме цел да се пласираме во финалето. Го одработивме натпреварот како што треба, а и ждрепката не посака. Нормално противникот даде отпор, поискусна и посериозна екипа се но начинот на работа и игра беше на наша страна. Добро одиграа девојките, продолжуваме во иднина да работиме по ист терк, се надевам и финалето ќе го одиграме како што треба. Како и да е пласманот во финале за нас е голема работа девојките се многу млади и продолжуваме да инвестираме во нив‘‘, изјави Симовски. 

Тој нема желба за ривал во финалето.

‚Им посакувам на двете екипи да одиграат добро, имаа интересни дуели во текот на првенството. Кој е подобар нека победи. Немаме желба за противник во финалето кој и да биде ќе се надигруваме. 

Финалето е закажано за во сабота во 16 часот, а Вардар го очекува подобриот од дуелот меѓу Куманово и Металург.