Симовски: Ова е само почеток!

Македонската ракометна репрезентација во рамките на квалификацискиот циклус за пласман во бараж дуелите на Светското првенство 2017 година, со две победи и пораз го обезбеди второто место во групата и заедно со Австрија го продолжува својот пат до мундијалот.

Ако вчерашниот висок пораз за Македонија од репрезентацијата на Австрија дојде како изненадување. А земајќи го во предвид фактот што Исланд веќе ги совлада австријките со четири погодоци разлика, денешната победа на Македонија од седум голови разлика беше вистински шок особено за противникот, ракометарките од Исланд кои останаа со празни раце на Фарските Острови.

Најзаслужен за овој огромен успех на младите македонски репрезентативки е селекторот Симе Симовски, кој заедно со капитенот Елена Ѓорѓијевска го понесе најголемиот товар на овие квалификации. По завршување на овој квалификациски турнир Симовски истакна дека тука е почетокот на кој треба да се изгради квалитетна селекција која би можела да настапи на големите натпреварувања. Патот е долг, но поддршката од љубителите на ракометот и одговорните лице охрабруваат да се продолжи понатаму со засилено темпо.

Одигравме катастрофално лошо на дуелот со Австрија. Нè откажа нивниот голман, а од друга страна нашите немаа свој ден. По натпреварот разговаравме со дел од ракометарките кои ги прифатија и применија нашите сугестии и затоа денес на крајот можеме да се радуваме.

Одбраната на дуелот со Исланд беше на вистинско ниво, се играше многу добро и се слушаа советите од клупата. Едноставно одигравме одлично, но ова е само почеток. Сега треба да работиме уште повеќе. Има многу аномалии кои треба да се искоренат за да можеме да се надеваме на нешто повеќе. За крај сакам да изразам голема благодарност до Ракометната Федерација на Македонија и македонската јавност за нивната поддршка.- истакна Симовски.