Симовски: Ова е големо искуство за нас, ни требаат што повеќе вакви натпревари!

По натпреварот од третото коло во ЕХФ Купот своите импресии од натпреварот ги дадоа претставници на двата клуба.
Естер Матефи, тренер на екипата на Дунајварош:
Првиот натпревар бевме малку изненадени од противникот бидејќи немавме видео материјал и неможевме да се подготвивме. Во вториот натпревар направивме видео анализа и добро се подготвивме домашниот тим, имаат млади и талентирани ракометарки, но во нашиот тим имаме репрезентативки на најдобрата национална селекција. Им честитам на Вардар и се радуваме на следниот меч
Бернадет Ферлиг, ракометарка Дунајварош:
Среќна сум за резултатот бидејќи по првиот меч бевме загрижени. Сакам да се заблагодарам за организаторот и екипата на Вардар за гостопримството.
Симе Симовски тренер за екипата на Вардар:
Им честитам за победата им посакувам што подолго да се задржам во ЕхФ купот. Имаме помлади играчи а во овој натпревар се виде искуството пред се на тие технички грешки кои се повеќе од првиот натпревар. За овие млади ракометарки ова е големо искуство посакувам што повеќе вакви натпревари имаме одлични услови за работа. Ангела Тодоровска не беше тука и недостасуваа незините голови.
Маја Трпковска, ракометарка Вардар:
Им честитам на гостите, изгубивме на наши грешки ние сме помлада екипа ова ни е прво излегување во Европа и се надевам наредната година ќе одиграме повеќе.