Симовски задоволен од младите вардарки

Тренерот на вториот тим на ЖРК Вардар, Симе Симовски е задоволен од работата на неговите избранички. Вториот тим се сели во новата сала СЦ ” Јане Сандански” каде ќе има одлични услови за работа, потребни за секого. Со новото засилување од ЖРК Будуќност, Итана Грбиќ клубот го комплетира тимот за новата сезона каде освен настапите во македонската лига ќе има и натпревари во рамките на ЕХФ Купот.

Сега за сега работите се одвиваат во посакуваната насока, и задоволен сум од работата на моите ракометарки. Одигравме два подготвителни турнири, а за во периодот што следи немаме закажано ништо ново. Сега продолжуваме со работа во новата сала, во која што имаме одлични услови за работа. Се надевам дека ќе одиграме уште неколку натпревари пред стартот на новата сезона, а доколку договориме нешто тоа ќе бидат екипи од Србија”- изјави Симовски за клубската страна на ЖРК Вардар.

ladeva-belmezova-zrk vardar- 2-trening
Младите голманки на ЖРК Вардар, Нина Ладева и Љупка Белмезова работат под менторство на Александар Царчев. Фото – www.zrkvardar.mk

За сајтот на Вардарки, новото засилување Итана Грбиќ изјави :

“Одработив веќе три тренинзи со мојата нова екипа и можам да кажам дека сум среќна што сум дел од овој состав. Одлично сум прифатена од моите нови колешки и воопшто не се чувствувам како нова ракометарка во тимот. Условите за работа се одлични и се надевам дека соодветно ќе се вклопам во екипата и во замислите на тренерот” .