Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска репрезентација Симе Симовски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета во рамките на ЕХФ неделата и настапот на „Трофеј Карпати“ во романскиот град Крајова.

На списокот нема поголеми измени и Симовски ќе смета на сите расположиви сили за трите натпревари против Романија, Бразил и Полска на 22, 23 и 24 ноември.

Список на ракометарки:

Голмани: Матеја Серафимовска, Драгана Петковска, Наташа Антиќ

Крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска

Бекови: Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Леонида Гичевска, Душица Ѓорѓиевска, Александра Боризовска, Елена Ѓорѓиевска, Маја Трпковска, Ангела Тодоровска, Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска, Зорица Десподовска

Пивотмени: Ивана Гакидова, Марија Николиќ