Силни сме на секоја позиција, годинава сме подготвени да ја освоиме СЕХА! (ВИДЕО)

Официјално најдоброто лево крило за последната сезона во Сеха, Тимур Дибиров, е оптимистички расположен пред вечерашното полуфинале против ППД Загреб. Русинот смета дека македонскиот шампион е силен на секоја позиција, и кога се има професионален пристап на секој натпревар позитивниот резултат е неминовен. И покрај оптимизмот Дибиров очекува тежок дуел вечерва, посебно по сензационалната победа на Загреб над Рајн Некар Левен во Махнајм. Целосната видео изјава на Тимур Дибиров за 24Ракомет погледнете ја на видеото подоле.