Силен турнир на „Трофеј Карпати“: Романија, Полска и Бразил ривали на Македонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе имаат силна контрола на турнирот во Романија. Покрај селекцијата на домаќинот тука ќе бидат и составите на Бразил и Полска, па ова значи дека ќе бидат одиграни три квалитетни средби.

Романките веќе го објавија и составот во кој се наоѓаат искусни ракометарки што значи дека нема да има штедење со оглед на тоа што селекциите се во подготовка за Мундијалот во Германија.

Турнирот редовно се одржува на крајот од ноември, а годинава се игра во Крајова. Македонија се враќа на него после пауза од шест години.