Силен старт на сезоната: Металург Јуниор во вториот дел против Текстилец прими само 6 голови!

Еден од најамбициозните прволигаши, Металург Јуниор, тим зад кои стојат познати ракометни имиња, имаше силен старт на сезоната и успеа да забележи убедлива победа во првото коло од Првата Лига.

Тимот на Благојче Весиќ на домашен терен славеше над Текстилец со убедливи 37:20. Гостите додека имаа сили парираа на расположените домаќини, барем во првиот дел, кој заврши 17:14, но во второто полувреме тимот од Штип направи многу технички грешки, даде само 7 голови, па високиот пораз беше неминовен.

Предводник на домашниот тим беше поранешниот ракометар на Вардар 2 и Текстилец, Марио Гичев со 11 голови, левиот бек Слободан Новаковиќ даде 6, додека поранешниот младински репрезентативец, кој е повратник на ракометниот терен, Нино Ѓуровски даде 5. Одлична партија имаше и голманот Ивановски со 14 интервенции. Во гостинскиот тим се истакнаа Хаџиниколов и Мирчески со по 5 голови.