Сиера го продолжи договорот со Пик Сегед до 2017

Екипата на унгарски Пик Сегед го продолжи договорот со шпанскиот чувар на мрежата, Хозе Мануел Сиера. Триесет и седум годишниот голман останува уште една сезона во унгарскиот вицепрвак, чиј дрес ќе го носи до 2017 година.

Продолжувањето на договорор со искусниот чувар на мрежата доаѓа по неговиот извонреден настап во унгарскиот куп каде беше прогласен за најдобар голман, и по заминувањето на вториот голман Пјотр Вишомирски кој од следната сезона ќе го брани голот на Лемго.

Сиера во својата кариера има настапувано за екипите на Барселона, Ваљадолид, Сиудад Реал, ПСЖ, а во составот на Пик Сегед пристигна во 2014 година.