Сигурмансон: Ќе ги направиме среќни сите навивачи на ПИК Сегед!

Вардар по шести пат ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите и се бори по трет пат по ред да стигне на Ф4 турнирот во Келн. Последната пречка на тој пат е унгарски ПИК Сегед, стариот познајник од претходните сезони.

Левото крило на унгарскиот првак, Стефан Сигурмансон, очекува два тешки натпревари.

„Ќе се судрат два фантастични тима. Очекувам тешки натпревари, но им ветувам на сите навивачи на ПИК Сегед дека ќе сториме се за да ги оствариме нашите цели и да ги израдуваме“, изјави Сигурмансон.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.