Сигурдсон: Играме премногу често со Македонија за да има тајни меѓу нас

Машката репрезентација на Македонија во третото коло од квалификациите за Европското првенство гостува во Рејкјавик кај стариот познаник Исланд. Повратникот кај „рибарите“, Гудјон Валур Сигурдсон, очекува победа на неговата репрезентација.

„Многу добро ги познаваме Македонците, но и тие нас. Премногу често играме со нив за да има изненадувања. Очекувам добра игра и победа за нас. Знаеме дека нема да биде лесно, но квалитетот е на наша страна. Тешко ми беше што не можев да настапам на последниот Мундијал, но сега сум пресреќен што повторно ќе го носам репрезентативниот дрес“, вели Сигурдсон.

Натпреварот меѓу Исланд и Македонија се игра вечерва во Рејкјавик со почеток во 21:45 часот.