Се уште не дошол во клубот, а навивачите на Келце збеснаа по Карачиќ

За време на свеченото отворање на завршниот турнир во Келн пред „Ланксес Арена“, ракометарите на сите четири тимови продефилираа на сцената пред навивачите.

При претставувањето на вардарци, кога на сцената беше претставен Игор Карачиќ, навивачите на полскиот Келце, го скандираа неговото име и покажаа дека имаат веќе нов миленик.

Скандирањето траеше неколку минути, а хрватскиот интернационалец ги отпоздрави поддржувачите на полскиот шампион.