Се трампаа ривалите на Металург и Вардар

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк и португалскиот шампион Спортинг Лисабон практично направија замена на своите пикери, Словенецот Игор Жабиќ и португалскиот репрезентативец Тијаго Роча.

Висла Плоцк е прв противник на европскиот шампион Вардар, додека Спортинг Лисабон би требало да му е противник на Металург, бидејќи важи за главен фаворит во квалификациската група. Жабиќ се пресели во Полска, а Роча иако имаше уште една година договор со Плоцк, сепак поради семејни проблеми реши да се врати дома.