Се редат коцките во Сегед: Сандро Обрановиќ ќе го глуми Житников една сезона

Унгарскиот вицепрвак можеше да ја почуствува шампионската титула, но еден гол беше разликата меѓу сонот и реалноста. Веспрем повторно го подигна трофејот, а на Пик Сегед останува следната сезона да најде вистинско решение за непобедливата армија на Хавиер Сабате.

Управата на клубот амбициозно постави цели кои во наредната година треба да се исполнат, а во таа насока треба да помогнат новите засилувања. Искусниот шпански стратег Пастор веќе полека го склопува мозаикот, a една од најранливите позиции, откако на крајот на сезоната Дејан Бомбач ќе го напушти клубот, ќе биде централната бековска позиција.

Решението е веќе најдено. Димитриј Житников пристигнува во Унгарија во 2017 година каде ќе потпише двегодишен договор. Затоа вистинскиот проблем ќе биде единствено наредната сезона, па управата на унгарскиот вицепрвак се одлучи на позајмица да го земе хрватскиот репрезентативец Сандро Обрановиќ. Тој ќе пристигне од редовите на ППД Загреб на една сезона.

Сандро Обрановиќ е роден во Карловац на 18 октомври 1992. Таму ги направил почетните ракометни чекори, во сезоната 2012/2013 заминува за Нексе, а потоа за Загреб. Со хрватскиот шампион овој 194 цм висок бек играше во Лигата на шампионите и се пласираше во четврт-финалето. Во елитното натпреварување постигна 67 погодоци.

Дмитриј Житников е ракометар на Висла Плоцк, тој таму пристигна во 2015 година од редовите на Чековски Медведи. Роден е во Зволена на 20 ноември 1989. Со рускиот шампион играше три сезони во Лигата на шампионите, а оваа сезона во дресот на Плоцк постигна 51 погодок. Договорот со Висла Плоцк му завршува во јуни 2017 година кога ќе започне нова приказна со унгарскиот вицепрвак