„Се радувам што ќе учам од Филип Миркуловски“

Александер Фелд е новото засилување на Вецлар за следната сезона. Тој потпиша едногодишен договор и ќе му преставува конкуренција на Филип Миркуловски на средната бековска позиција. 25- годишниот Германец за официјалниот сајт на својот нов тим истакна дека можноста да учи од нашиот поранешен репрезентативец е повеќе од одлична.

„За германски играч на мои години тешко дека постои подобар тим за напредок во кариерата. Вецлар е одличен тим и може да победи секого на свој терен, а во името на Филип Миркуловски, кој игра на мојата позиција, имам партнер од кој можам многу да учам. „Ритал Арената“ е една од трите најгласни арена во лигата и со нетрпение очекувам да ја започнам мојата авантура овде“, истакна новото засилување на Вецлар.

Моментално ја завршува сезоната со Лудвигсхафен кој е последнопласиран во Бундес лигата, но Фелд повторно ќе игра во најквалитетното натпреварување во Германија и следната година.