СЕ ОГЛАСИ ПАНЧО ОД ДНК: Вардар ни (беш)е природен „хелекс“, не смее да згасне (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ќе патуваат со голема предност од осум голови на реванш средбата против ПИК Сегед во Унгарија, откако прославија триумф со 31-23. Но и покрај многуте моменти на радост, се уште трае неизвесноста околу иднината на македонскиот шампион.

Покрај актуелниот финансиер Сергеј Самсоненко, кој побара помош за следната сезона од македонските бизнисмени и компании, иницијативи за помош најавија многу навивачи, ракометни работници, новинари, но и дел од естрадните фаци.

Владимир Блажев, или попознат како Панчо од дуото ДНК, се огласи на Фејсбук и најави акција „ОД СРЦЕ ЗА ВАРДАР“…