Се огласи Кристијансен: Вардар е една од опциите

Денеска официјално македонскиот шампион Вардар на Фејсбук и Твитер го потврди трансферот на централниот дански бек Кристина Кристијансен, со што веста експресно се прошири низ сите медиуми во Европа.

Веста за наводниот трансфер стигна и до самата Кристиjансен која запрашана од страна на данските медиуми за договорот со Вардар изјави:

 “Ја видов веста на Твитер и можам да ви кажам дека Вардар е една од опциите за која размислувам, но договор со никого немам потпишано” изјави централниот дански бек Кристиансен