Се навестува нов рекорд: Кјелце и Барса ќе играат пред околу 60.000 гледачи

Екипите на Кјелце и Барселона на 21 декември во 2018 година би можеле да ги урнат рекордите за посетеност на еден натпревар во ракомет. Доколку падне договор за ваков пријателски меч тој би се одиграл на Националниот стадион во Варшава каде што би можеле да присуствуваат околу 58.000 гледачи.

Кјелце сака да ја крене популарноста на ракометот во Полска, а има закажано ваков тип на средби и за 2020 и 2021 година.

Актуелниот рекорд за посетеност на еден меч во ракомет е 44.189 и тоа во Германија на средба од Супер купот.