Се засилува и вториот тим на Вардар:Црногорецот Ристо Вујачиќ ново засилување за “црвено-црните”

Според медумите во Црна Гора, веќе е потпишан договорот меѓу црногорскиот интернационалец Ристо Вујачиќ и екипата на Пепи Манасков. Вујачиќ веќе е во Скопје каде ќе ја продолжи својата интернационална кариера. Десното крило кое по потреба може да игра на позиција десен бек, настапуваше за екипата на Металопластика од Шабац, но малата минутажа и малиот број квалитетни натпревари беа пресудни за црногорецот да побара нов ангажман. Заедно со екипата на Вардар ќе настапува во првата машка лига во Македонија, а се поизвесно е дека од наредната сезона овој тим ќе влезе во најквалитетното македонско првенство.
Вујачиќ ја започна својата кариера во ракометниот клуб Морнар од Бар, а пред една сезона премина во Металопластика каде не доби вистинска шанса, тој се најде на поширокиот список на селекторот Обрадовиќ за претстојниот квалификациски циклус на црногорската репрезентација.