Се жалат дека немаат пари, а купија луксузен автобус од 800.000 евра! (ФОТО)

Иако во текот на целата сезона низ медиумите кружат информации и шпекулации за лошата финансиската состојба во полскиот првак Келце, сепак очигледно дека не е толку лошо.

По Игор Карачиќ, потврден беше и трансферот на турскиот интернационаец Дорук Пеливан, а има уште една новост од тимот на Талант Душебаев.

Од следната сезона, ракометарите на Келце ќе се возат во луксузен автобус, за кој полските медиуми шпекулираат дека чини 800.000 евра.

Тој е специјално дизајниран во боите на Келце, а има 32 места и поголем простор за нозете на ракометарите. Прозорците имаат специјална изолација за пробивање на звукот, а има и ЛЕД светла.