Сè е подготвено за вториот натпреварувачки ден: Македонија го игра првиот натпревар

Втор натпреварувачки ден, прв настап на македонската репрезентација, втор натпревар на денешната програма во повеќенаменската сала „Лусаил“, која има капацитет од 15 300 посетители, прв официјален натпревар на големо натпревување за ветеранот Ренато Вугринец во дресот на Македонија.
Тунис е добро познат противник, во сеќавањата на македонските навивачи остана горкото чувство по првиот дуел на Светското првенство 2009 во Вараждин, знак за претпазливост на стартот на мисијата „Катар“. За оваа генерација на репрезентативци на Македонија прва шанса за пласман на олимписките игри во Рио.
Македонија ќе ги започне настапи без Димовски и Митревски. Стартните седум добро познати и искусни, проблемите кои македонските ракометари ги имаа на клупско ниво се веќе заборавени и сите со нетрпение го очекуваат првиот дуел во Доха.
Македонските навивачи ќе пристигнат два часа пред натпреварот на Македонија, а Катарците во соработка со ИХФ организираат „фан-зони“ во просторот пред Арената во три шатори кои концепциски се поврзани со разни забавни игри и мобилни пуктови со промотивен материјал.
Се е подготвено за вториот натпреварувачки ден!
10934277_10204522693260540_1133498647_n10937496_10204522692980533_972128364_n10937531_10204522693060535_1103497931_n10937558_10204517455369596_1284937926_n10937574_10204522693220539_495399247_n10937745_10204522693180538_1087162359_n

10937837_10204522692860530_1750728632_n