Се е подготвено за спектаклот во чест на Бранко Ангеловски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поранешниот македонски репрезентативец Бранко Ангеловски вечерва ќе го одигра последниот натпревар во својата богата ракометна кариера. Спортската сала во Битола е исполнета до максимум и подготвена да му каже збогум на некогашниот пелистерец.

Тимот на Ангеловски и пријателите ќе се сретне со комбинираната екипа на Работник и Пелистер.